Објавено последното видео на Емилијано Сала пред авионската несреќа (ВИДЕО)

Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала трагично загина во авионска несреќа на 21. јануари 2019 година. Само неколку денови претходно потпиша договор со Кардиф во очекување на продолжување на кариерата во овој клуб, но за жал тоа никогаш не се случи.

Аргентинецот по потписот се врати во својот претходен клуб Нант како би се поздравил со соиграчите и ги спакува коферите за Кардиф. Но, авионот со кој патуваше за Островот се сруши во Англискиот канал, а остатоците од истиот беа пронајдени на 7. февруари.

Истрагата потоа откри дека пилотот Дејв Иботсон, кој дури и немал дозвола за управување со тој авион. направил неколку катастрофални пропусти поради кои авионот се сруши, а тој и Сала загинаа.

Англиските медиуми сега го објавија и последниот видео запис поврзан со Сала пред трагедијата. Видеото е снимено три дена пред несреќата кога Аргентинецот бил на потпис на новиот договор. Видеото никогаш претходно не беше објавено, за да сега „Дејли мејл“, една година потоа, се одлучи да го објави како последно сведоштво за Емилијано Сала…

Се вчитува...