Објавено видео од пукањето и убиството на кошаркарот Ханикат

Кошаркарот на Химки, Тајлер Ханикат, трагично го загуби животот во престрелка со полицијата што се случи минатиот месец во неговиот дом во Лос Анџелес.

Полицијата денеска објави и видео од целокупната случка, како доказ дека не станувало збор за прекумерна сила, туку Ханикат прв пукал, а претходно биле извршени неколку обиди за ситуацијата да биде разрешена без насилство.

Воедно, објавена е и аудио-снимка од повикот на мајката на Ханикат до полицијата, која бара помош за нејзиниот син. Таа кажува дека Тајлер има халуцинации, дека е кошаркар и дека во претходните шест месеци редовно дувал гас за смеење, што му го пореметило мозокот.

Тажен крај на животот на овој талентиран и максимално атрактивен кошаркар, кој сигурно без проблем ќе најдеше нов трансфер во клуб од Евролигата.

Се вчитува...