Објави оглас за основан клуб, а тој клуб денеска го слави 120 роденден

Швајцарецот Жоан Гампер во 1899 година го основа фудбалскиот клуб Барселона. Таа година тој во весникот „Лос депортес“ објави како формирал фудбалски клуб, а исто така и барал заинтересирани лица кои ќе помогнат околу водењето на истиот.

„Основав фудбалски клуб кој сакам натпреварите да ги игра во Барселона. Ако некој сака да помогне, нека ме контактира од вторник до петок измеѓу 9 и 23 часот“, напиша во огласот Гампер.

Од пораката во која Гампер бараше поддршка поминаа 120 години, а во моментов Барселона е еден од најдобрите спортски колективи во светот.

Се вчитува...