Облак му го скрши срцето на Барди – две одбрани за победа на Атлетико

Атлетико Мадрид славеше со 2-1 на домашен терен против Леванте, натпревар што го одбележаа двете извонредни интервенции на Јан Облак по ударите на Енис Барди во самиот финиш на „Ванда Метрополитано“.

Кореа го донесе Атлетико во водство, Леванте набрзина израмни, но Фелипе со прецизен удар со глава ја врати предноста на тимот на Диего Симеоне. Атлетико делуваше во целосна контрола, но во завршницата во две одлични ситуации се најде Барди.

Македонскиот репрезентативец по еден извонреден соло-продор од пад биеше опасно, но Облак го одбрани неговиот удар. Во 93. минута Барди се најде во стопроцентна шанса, шутираше опасно со глава, но Облак со нова извонредна интервенција спречи негова радост во Мадрид.

Се вчитува...