Облак: Останувам во Атлетико Мадрид бидејќи амбициите на клубот се големи

Голманот на Атлетико Мадрид, Словенецот Јан Облак изјави дека ја обнови соработката со „душекџиите“ поради амбициите кои ги има клубот.

„Потпишав нов договор, но тој не менува ништо. Додека амбициите на клубот се исти како моите, ќе останам тука. Некои не веруваат дека нашите амбиции се исти бидејќи голем дел од фудбалерите заминаа, но јас сум уверен дека дека клубот ќе направи се што може за да доведе добри фудалери. Кога го потпишував новиот договор добив гаранција какви се амбициите на клубот и дека тие нема да се променат“, вели Облак. 

Словенечкиот голман во редовите на Атлетико Мадрид пристигна во 2014 година од Бенфика за 16 милиони евра.

Се вчитува...