Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак смета дека Ла Лига сега е далеку понеизвесна и порамноправна, отколку кога во неа беа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Тој кажа дека целиот свет зборувал само за нив двајца, но дека и сега шпанското првенство е тешко за освојување, како што тоа било и кога Роналдо и Меси играа во Реал Мадрид, односно во Барселона.
„Ла Лига е многу понеизвесна и порамноправна од порано. Сите екипи се многу добри, и секој натпревар е тежок. Ла Лига стана многу конкурентна. Целиот свет зборуваше за Роналдо и Меси, но сега и без нив Ла Лига не е полесна од порано. Ла Лига и натаму има одлични играчи“, изјави Облак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА