Обрадовиќ бара уште една „ѕвезда“ во Партизан

Доаѓањето на Жељко Обрадовиќ на тренерската функција во Партизан предизвика еуфорија меѓу „црно-белите“, особено откако српскиот гигант ангажираше неколку врвни засилувања како Пантер и Ледеј.

Сепак, белградскиот клуб не планира да застане овде, а следен на листата со желби на тренерот Обрадовиќ е американскиот бек Бредли Вонамејкер. Станува збор за врвен играч кого Обрадовиќ добро го познава бидејќи двајцата соработуваа во Фенербахче во сезоната 2017/18, предводејќи го тимот до двојна круна во Турција (Вонамејкер беше избран и за МВП на плејофот во домашното првенство).

Обрадовиќ планира да донесе уште еден беспрекорен стрелец покрај Пантер, а Вонамејкер дефинитивно е таков калибар на играч. Тој по Фенербахче се пресели во НБА-лигата во редовите на Бостон, по што ланската сезона ја мина во дресот на Голден Стејт и на Шарлот. Вонамејкер сериозно размислува за враќање назад во Европа, а Партизан предводен од Обрадовиќ делува како одлична опција за 31-годишниот Американец.

Се вчитува...