Обрадовиќ: Ќе сторам се да останам во Партизан, ваква публика нема никаде во светот

И покрај тоа што пред мечот со Басконија, тренерот на Партизан гестикулираше кон публиката дека потпишал нов договор, сепак, после натпреварот на прес-конференцијата кажа дека ќе стори се да потпише нов договор.

Ја пофали публиката во салата, кажувајќи дека истата таа публика треба да биде одлична и во однесувањето.

„Јас немам што да објаснувам, тука се чувствувам најубаво, и тука сум најсреќен човек. Минав многу како тренер во Хувентуд, Реал, Тревизо, Бенетон, Панатинаикос, Фенербахче, и секаде имав одличен амбијент, но ваква публика нема никаде во светот. Секогаш ќе им се заблагодарувам, но и ќе повторувам една работа – мораме да бидеме шампиони и во однесување. Тоа е мојата желба од првиот ден. Треба да направиме одлична атмосфера, но без навреди кон било кого“, рече Обрадовиќ и додаде:

„Нашите навивачи ни дадоа ветер во грб. Каде и да играме, доаѓаат од цела европа. Не постои ништо важно од тоа да направиме нови генерации на навивачи на Партизан. Мене после секој натпревар ме чекаат 200-300 деца со родителите, има ли поголема радост од тоа“, кажа тренерот на Партизан.

Околу новиот договор и неговото останување, Обрадовиќ беше дециден:

„Не е тука идеално, но нема никаде идеално. Се надевам дека ќе најдеме пат и ќе ја продолжиме заедничката приказна. Сметам дека добро ја преставуваме Србија, доаѓаат од секаде да го гледаат Партизан, и нема само клубот корист од тоа“, вели Обрадовиќ.

Се вчитува...