Обрадовиќ: Мора подобра одбрана и поголема агресивност ако сакаме финале во АБА

Партизан утре го очекува решавачкиот натпревар против Цедевита Олимпија за пласман во финалето од АБА лигата.

Во серијата е 1-1, па „црно-белите“ безусловна ќе мора утре да слават во Белград ако сакаат финале против Црвена Звезда.

„Имавме доволно време да се подготвиме за овој меч. Знаеме што беше лошо на тој натпревар во Љубљана. Пред се мора многу подобро да го контролираме скокот, да реагираме подобри на нивните промени во одбраната и нашата агресивност да биде иста од почетокот до крајот на мечот. Ако сакаме финале во АБА мора да биде така“ – вели тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

Се вчитува...