Обрадовиќ останува во Фенербахче, но со далеку помала плата

Најтрофејниот европски трнер Жељко Обрадовиќ одлучил да остане во Фенербахче и да потпише нов тригодишен договор, пренесуваат турските медиуми. Сепак, тој прифатил платата да му биде намалена скоро за половина.

Српскиот стратег во неговиот досегашен мандат на клупата на турскиот великан годишно заработуваше по 3 милиони евра, сума која во следните три години ќе изнесува 1,6 милиони евра. Обрадовиќ претходните неколку дена имаше преговори со раководството на Фенербахче, по кои очигледно успеале да најдат компромис за продолжување на договорот.

Турските медиуми пренесуваат дека буџетот на тимот од Истанбул ќе изнесува 20 милиони евра, што исто така е далеку помал од претходните години. По потпишувањето на договорот една од првите задачи на Обрадовиќ ќе биде во тимот да ги задржи Костас Слукас и Луиџи Датоме кои имаат понуди од европските гиганти.

Се вчитува...