Обрадовиќ откри како Партизан го задржа Пантер: Тоа не беше нормална ситуација

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер изминатото лето привлече голем интерес на остнатите европски кошаркарски великани. Американецот беше пред потпис со Барселона, но на крајот се одлучи за продолжување на договорот со белградскиот тим на големо задоволство на навивачите на „црно-белите“.

А, како дошло до продолжување на соработката откри тренерот Жељко Обрадовиќ. Во интервју за турски медиум тренерот изјави дека продолжувањето на договорот е со пари надвор од буџетот кои ги издовиле членови на управата, нешто за што е многу среќен.

„Ни беше многу важно да остане. Започнавме заедно пред две и пол години. Во втората сезона одлучивме да биде капитен на тимот бидејќи тоа беше логично решение за нас. Тој е пример за сите, за се, на теренот и надвор од него. Разговаравме со него за тоа и тој е вистински капитен. Имавме на почетокот проблем да ја сфати својата улога, а ова лето дојдовме до тоа многу тимови да сакаат да го потпишат. Клубот тоа го препозна. Мојот клуб, луѓето од управата го препознаа тоа и беа подготвени да и помогнат на екипата да го задржи. 

Тоа ми покажа колку членовите на управата го сакаат Партизан. Не говориме за нормален буџет, туку за посебен случај. Поединци беа подготвени да помогнат и да даваат пари надвор од буџетот. Тоа ме прави среќен бидејќи видов дека има луѓе кои го сакаат Партизан на начинот на кој јас го сакам“, изјави Обрадовиќ во интервју за „S Sport“.

Се вчитува...