Обрадовиќ пред Басконија: Шутираат и по 40 тројки на еден натпревар

Партизан нема право на грешка во престојното двојно коло од Евролигата во кое белграскиот тим пред домашната публика се среќава со шпанските екипи Басконија и Реал Мадрид доколку сака да се најде во плеј-инот на најсилното европско кошаркарско првенство.

Првиот од двата натпревари е оној против Басконија кој ќе биде одигран во вторник со почеток од 20 часот и 30 минути за кој тренерот Жељко Обрадовиќ го знае рецептот за победа.

„Знаеме дека тоа е тим кој шутира извонредно за три поени. Освен еден играч на позицијата пет, сите други се способни да погодат за три. Просекот им е преку 30 обиди за три поени, некогаш и до 40. Така да, клучот за натпреварот сигурно ќе биде да не дозволиме да погодат со голема успешност за три поени и да го спречиме офанзвиниот скок“, изјави Обрадовиќ.

Обрадовиќ ќе може да смета на сите кошаркари освен американскиот крилен центар Зек Ледеј кој во Соединетите американски држави по смртниот случај во неговото семејсто.

Се вчитува...