Обрадовиќ разочаран: Дете доаѓа на кошарка заедно со родителите и покажува среден прст…

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ изрази разочараност по вчерашниот пораз на неговиот тим од Црвена Звезда во четвртиот натпревар од финалето на АБА Лигата. Звезда успеа да го добие мечот со 68-56, и така да се избори за мајсторка во битката за трофејот во регионалното натпреварување.

Обрадовиќ истакна дека не го разбира однесувањето на публиката, а најмногу се разочарал кога видел дека дете покажува среден прст, и покрај тоа што на натпревар дошол со своите родители.

„На брзина гледав некои работи, тоа е скандалозно што се случува. Многу сум среќен што ќе го играме петтиот меч во нашата Арена, пред нашите навивачи. Ги повикувам да навиваат фер и спортски, да ги почитуваат лицата од Црвена Звезда кои ќе дојдат, најмногу играчите и стручниот штаб. Се надевам дека после петтиот меч ќе зборуваме за кошарка, а не за други работи кои се случуваат. Ме прашуваат кога бевме домаќини дали нешто сме чуле, а сега јас прашувам дали вечерва слушнавте нешто? Пред 15 дена го гледам натпреварот мешу Црвена Звезда и Партизан од 1987 година. Тогаш се скандираше – титула Белград. Што е сега со нас? Што се случува во 2023 година да имаме ваква ситуација? Има ли тука екепсрти да ни објаснат што се случува, каде отидовме ние како луѓе: Доаѓаме денес на меч, дете заедно со родителите покажува среден прст и плука по автобусот, а мајката се смее…“, рече Обрадовиќ.

Се вчитува...