Обрадовиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Си замина човекот што ми беше се… учител, тренер, кум…

Српското собрание денеска беше претесно за да ги прими сите оние кои сакаа да бидат дел од комеморацијата на Душан Дуда Ивковиќ и на тој начин да му искажат почит на прославениот кошаркарски стратег кој почина пред неколку дена.

Еден од најпогодените од трагичната смрт на трофејниот стручњак е тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, кој низ годините создаде нераскинлива врска со Ивковиќ, па Дуда беше и кум на неговите деца.

„Си замина човекот кој ми беше се… учител, тренер, кум, пријател… Остави зад себе оромна трага, огромно наследство. Низ годините едуцираше огромен број на кошаркари, ги направи сите нив да бидат подобри луѓе. Јас го сретнав во доцните седумдесети години, кога ме повика да бидам дел од репрезентацијата. Секогаш беше полн со почит, јас се уште ги користам неговите совети, за кошарката и за животот воопшто. Знаеше како да ти објасни, како да те релаксира, животот крај Дуда Ивковиќ беше животно школо“, порача Обрадовиќ.

Се вчитува...