Обрадовиќ седнува на клупата на Црвена Звезда

Црвена Звезда наскоро ќе ја финишира потрагата по нов тренер, откако влезе во завршна фаза од разговорите со Саша Обрадовиќ. Српскиот стратег како играч имаше извонредна сезона во црвено-белиот дрес, а сега е на добар пат да се врати назад во клубот во улога на шеф на стручниот штаб.

Драган Шакота поради здравствени причини не е во можност да продолжи да ја извршува функцијата, досега се шпекулираше дека главен фаворит е поранешниот тренер Дејан Радоњиќ, но сега Обрадовиќ е во преден план во трката за предводник на „црвено-белите“. Најголемите успеси во тренерската кариера овој стручњак ги имаше како предводник на Алба и на Локомотив Кубан, а последен тренерски ангажман му беше во францускиот прволигаш Монако.

По решавањето на тренерското прашање „црвено-белите“ ќе се насочат кон формирање на играчкиот ростер, за кој најавија дека планираат да вклучат повеќе српски кошаркари во тимот за наредната сезона. Тешко ќе биде да се задржат и дел од најквалитетните странци, ако се знае дека Американецот Браун и Берон веќе добија богати понуди од Панатинаикос.

Се вчитува...