Обвинителството бара максимална казна за Дани Алвес

Обвинителите бараат максимална казна од 12 години за поранешната бразилска ѕвезда Дани Алвес, кој е обвинет за сексуален напад. Алвес ќе се соочи со судење за наводен напад на жена во ноќен клуб во Барселона на 30 декември минатата година. Судијата кој ја води истрагата го обвини во август, а сега утврди дека има доволно докази за судењето кое се очекува идната година.

Поранешниот играч на Барселона ги демантираше сите наоди, а во притвор е од јануари. Обвинителите исто така бараат фудбалерот да плати отштета од 150.000 евра на оштететната и да му се забрани било каков контакт со неа во следните 10 години.

Исто така бараат Алвес да остане под надзор една деценија откако ќе ја отслужи затворската казна. Сите барања за Алвес да се брани од слобода со откуп или со залог се одбиени, затоа што Судот смета дека има опасност од негово бегство.

Се вчитува...