Обвинителството бара огромни казни за Јувентус и Наполи и суспензии за раководствата

Италијанското обвинителство побара огромни парични казни и суспензии на челните луѓе на Јувентус и Наполи во процесот кој се води поради обвинувања дека овие клубови лажно прикажувале финансиски податоци при трансферите на фудбалерите.

Јувентус и Наполи се најдоа под истрага поради сомнително работење. Почната е постапката на Суд, поради прикривање на податоци. На првото сослушување федералниот обвинител побара огромни финансиски казни за клубовите и суспензии за раководствата.

Како што наведува „Газета“, обвинителот барал казна од 800 илјади за Јувентус, како и суспензија на една година за Андреа Ањели, шест месеци за Федерико Керубини, како и осум месеци за Павел Недвер и Маруцио Арибабаен.

Исто така е побарана суспензија и на некогашниот спортски директор на Јуве, Фабио Патрицио од 16 месеци. Патрицио во моментов е во Тотенхем.

Од друга страна за Наполи е побарана казна од 329 илјади евра, и суспензија од 11 месеци за претседателот Аурелио Де Лаурентис, како и суспензија за неговата фамилија.

Покрај овие два клуба, побарани се казни и за Џенова, Сампдорија и Емполи.

Процесот против клубовите ќе биде продолжен во следниот период. Порано се споменуваше и исфрлање на клубовите од Серија „А“, но најверојатно до тоа нема да дојде.

Се вчитува...