Обвинителството го испитува Роналдо за малверзациите во Јувентус

Матните зделки на Јувентус и натаму се централна тема на европските, а пред се на италијанските медиуми. Финансиската полиција и инспекција со денови ја „чешлаат“ документацијата во потрага по докази за малверзации а меѓу нив и наводен „таен документ“ кој содржи сокриени детали околу трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

„Газета“ објави дека јавниот обвинител ќе го повика Кристијано Роналдо на распит поради последните случувања во Јувентус, со што се остава сомнеж дека Португалецот е вмешан во нерегуларностите околу работата во клубот.

„Кориере де Торино“ јавува дека надлежните органи среднале разговор на спортскиот директор на Јувентус Федерико Керибино и клупскиот адвокат Чезаре Габијацо кој датира од 23 септември оваа година. Во разговорот може да се слуше како Габијацо вели дека „разговарал со претседателот“ за „извршување на лажни трансанкции каде не би можел да ја премине границата. Дијалогот веројатно се однесува директно за трансферот на Роналдо.

Причината е тоа што веројатно преку трансферот, Јувентус ги „испеглал“ финансиските книги за да пријави загуби од 209 милиони, наместо 240 милиони евра. Јувентус се товари дека за трансферот изнел податок кој е поинако од вистината.

 

Се вчитува...