Очаен меч за Атланта, Мајами поведе 1-0

Лесна победа на Мајами во дуелот со Атланта на стартот од плеј-оф серијата во Источната конференција. Во многу подобра игра, „жешките“ успеаја да триумфираат со 115-91, пред се на катастрофалната игра на најголемите адути на Атланта, Јанг и Богдановиќ.

Уште од почетокот на мечот Риобинсон, Батлер, Лаури правеа многу проблеми на одбраната на Атланта, особено во вгориот период кога Мајами отиде на 20 разлика.

Ништо важно не се промени ниту во продолжението на мечот, се поставуваше прашање само со колку разлика Мајами ќе триумфира.

Во Мајами Робинсон постигна 27 поени, а Батлер 21 поен.

Вториот натпревар се игра во среда.

 

Се вчитува...