Очај на терен и повреда на Кире Лазаров (6-15)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски 

Македонија игра во непрепознатливо издание и губи со 6-15 по првото полувреме во дуелот со Шпанија, прв од главната фаза на ЕП во Хрватска. Премногу технички грешки без решение во нападот, повреда на капитенот Кире Лазаров и огромни девет гола негатива има македонската репрезентација во првите 30 минути.

Раул Гонзалес го почна натпреварот во Филип Кузмановски, Филип Талески и со Кире Лазаров на бековската линија и со одбрана 5 со Талески напред. Шпанците подобро го отворија натпреварот и по првите пет минути имаа предност од 0-3. Конечно мразот го скрши капитенот Кире лазаров со првиот погодок од седмерец за 1-3 во 7.минута. Ни во наредните минути играта работите за македоснкаат репрезентација не одеа во посакува насока. Шпанците преку Балагуер зголемија на 1-5, а Раул гонзалес беше приморан во 9.минута да го искристио првиот тајм-аут. Но, и понатму наподот немаше решение за шпанската одбрана, а Македонија 15 минути имаше постигмато само два гола од седмерец, ниеден од игра. Борко Ристовски со четири одбрани во овој дел беше единствената светла точка во македонската репрезентација која по првата четвртина веќе беше во длабока негатива од 2-7. Дополнителен проблем за Раул Гонзалес и за македонската репрезентација беше и повредата на Кире Лазаров кој по десетина минути се пресели на клупата држејќи се за бутниот мускул на десната нога.

Првиот погодок од игра го постигна Дејан Манасков во истекот на 15.минута. Конфузијата во македонскиот состав продолжи и во наредните минути. За разлика од претходните дуели, овој пат Раул Гонзалес немаше решение за Шпанија. Македонија по првите 30 минути има 14 технички грешки, шест постигнати гола и огромни -9 (6-15).

Се вчитува...