Очајниот Федерер се провлече во второто коло на УС Опен

Швајцарскиот тенисер и трет светски рекет, Роџер Федерер се пласираше во второто коло на Грандслем турнирот УС Опен со победа против домашниот тенисер Францис Тиафо.

Федерер одигра лош меч победувајќи со мачење во пет сета со 3-2 (4-6,6-2,6-1,1-6,6-4). Во добар дел од мечот постојано грешеше, за разлика од неговиот противник кој се покажа во позитивно светло.

Во втората рунда натпревари Швајцарецот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Блаж Кавчиќ и Михаил Јужњи.

  

Се вчитува...