Очајно издание на Еурофарм Работник: Дебакл против Татабања во Купот на ЕХФ

Еурофарм Работник веројатно го имаше најслабото издание на европската сцена оваа сезона, доживувајќи убедлив пораз од 21-31 (11-14) од Татабања во 2. коло од групната фаза во Купот на ЕХФ.

Ракометарите на битолчани ја разочараа домашната публика не овозможувајќи и ниту најмала надеж за толку посакуваниот позитивен резултат.

Од самиот почеток на натпреварот гостите наметнаа ритам со кој ја контролираа играта и резултатот, а македонскиот ракометари сето тоа не можеа да го следат. На полувремето гостите заминаа со предност од три гола, а во второто полувреме низ уште поубедлива игра стигнаа до конечната победа од десет гола разлика, 21-31.

Миклош Рошта беше најефикасен кај Татабања со 6 гола, додека кај Еурофарм Работник се издвои единствено Украинецот Владислав Остроушко со 9 гола. Потфрли македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој постигна три погодоци, и тоа во самиот финиш кога натпреварот веќе беше решен.

На табелата во Групата Б, Нексе има 4 бода, Хановер и Татабања имаат по 2 бода, а без бодови е Еурофарм Работник. Во следното коло македонскиот тим гостува на хрватски Нексе во Нашице.

Се вчитува...