Очекувано: Начевски и Николов ќе ја делат правдата на ЕП во Хрватска

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски – Славе Николов е избрана за делење на ракометната правда на претстојното Европско Првенство што во јануари 2018 година ќе се одржи во Хрватска. Од 14-те двојки кои беа во потесниот круг, денеска ЕХФ и официјално ги избра 12-те кои ќе бидат дел од европскиот шампионат, а меѓу нив сосема очекувано се најдоа и нашите арбитри, кои со години наназад важат меѓу најдобрите на Стариот континент.

Еве го списокот на судиите кои ќе бидат задолжени за натпреварите на ЕП 2018 во Хрватска.

  • Андреј Гушко и Серхеј Репкин (Белорусија)
  • Матија Губина и Борис Милошевиќ (Хрватска)
  • Вацлав Корачек и Јиржи Новотни (Чешка)
  • Мартин Гјединг и Мадс Хансен (Данска)
  • Оскар Ралуј и Анхел Сабросо (Шпанија)
  • Стеван Пишон и Лорен Ревере (Франција)
  • Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг (Германија)
  • Ваидас Мазеика и Миндаугас Гателис (Литванија)
  • Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Македонија)
  • Дуарте Сантош и Рикардо Фонсека (Португалија)
  • Сорин Лорентиу Дину и Костантин Дину (Романија)
  • Евгениј Зотин и Николај Воолодков (Русија).

Групната фаза од ЕП 2018 ќе се игра во Сплит, Пореч, Загреб и Вараждин. Македонија е дел од групата Ц и ќе настапува во Загреб против селекциите на Германија, Словенија и Црна Гора, а најдобрите три селекции се пласираат во следната рунда што ќе се игра во Вараждин.

Се вчитува...