Од Челси во Арсенал: Жоржињо е „бомбата“ на последниот ден од преодниот рок

Италијанскиот репрезентативец Жоржињо е изненадувањето во последниот ден од преодниот рок, откако искусниот играч за врска реши да го напушти Челси и да се пресели во редовите на градскиот ривал Арсенал.

Жоржињо имаше договор со Челси на само уште шест месеци, а преговорите за негово продолжување не се движеа во посакуваниот правец. Поради ова, „сините“ дадоа зелено светло за негова преселба на „Емирати“, заработувајќи 12 милиони евра наместо налето тој да си замине без никаква отштета од „Стемфорд бриџ“.

Од друга страна, Артета инсистираше на засилување на средниот ред, но не успеа во желбата да го доведе Еквадорецот Каиседо, откако Брајтон ја одби и третата понуда на „топчиите“ во висина од 70 милиони фунти. Преговорите за Бразилецот со италијански пасош се одвиваа во последните 24 часа, најпрвин фудбалерот ги прифати понудените услови за договор на 18 месеци, по што беше пронајден и заеднички јазик меѓу клубовите.

Се вчитува...