Од денеска стартува зимскиот преоден рок, и ќе трае до 11. февруари

Од денеска стартува официјално зимскиот преоден рок во македонскиот фудбал.

Согласно одлуката на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, преодниот рок за фудбалери стартува денеска и ќе трае до 11. февруари до 24 часот.

Согласно процедурите на ФФМ, клубовите за трансфер на фудбалери ќе ја користат ФИФА ТМС-платформата, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...