Од фудбалер до „боди-билдер“ – Торес и дефинитивно не личи на себе (ФОТО)

Фернандо Торес беше познат како прилично слабо момче за време на неговата фудбалска кариера, тој успеа да се наметна на фудбалската јавност како вистински „експерт“ за голови. Поранешниот шпански репрезентативец и член на неколку европски великани, по својата кариера, реши да тренира напорно, па создаде од себе вистински „ѕвер“.

Боксот, теретаната и напорните тренинзи го направија вистински „Херкулес“, па тој често објавуа фотографии и се фали со својот нов изглед на социјалните мрежи.

Фернандо Торес има направено значителна промена на своето тело, генерациите кои не успеале да го гледаат како игра фудбал, денес со сигурност го доживуваат како борец или „боди-билдер“. За потсетување, Торес во својата богата кариера играше за Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челси и Милан, а кариерата ја заврши во Саган Тосу, Јапонија во 2019 година.

Се вчитува...