Од „година на пеколот“ до „година на сонот“: Отфрлениот е нова цел на Барселона!

Мејсон Гринвуд по „годината на пеколот“ која ја мина во 2022, повторно се врати во живот откако го направи потегот на кариерата со доаѓањето на позајмица во Гетафе каде игра сега врвен фудбал.

Настапите за тимот од предградието на Мадрид веднаш донесоа интерес од шпанските гиганти Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците се подготвени да го донесат во своите редови следново лето.

Со оглед на тоа што е под договор со Манчестер јунајтед, а „црвените ѓаволи“ поради неговите проблеми со законот не сакаат да сметаат на него, Барселона верува дека лесно ќе дојде до Гринвуд.

Барселона е подготвена да му понуди 40 милиони фунти на Јунајтед за откуп на 22-годишниот фудбалер, а пред него самиот, пак, ставија повеќе од интересна понуда која тешко ќе ја одбие и самиот Гринвуд.

Гринвуд сезонава е одличен, на 15 натпревари во Ла Лига постигна пет гола запишувајќи и четири асистенции.

А, само пред една година минуваше низ „пеколот“ кога зимата 2022 година девојката го обвини за силување и насилство. Манчестер јунајтед во истиот момент го суспендираше, младиот фудбалер извесен период мина и зад решетки. На крајот судот одлучи дека Гринвуд не е виновен, ослободен беше од сите обвинувања, но Манчестер јунајтед поради скандалот се одлучи да не му дава нова шанса.

Се вчитува...