Од хемотерапија до првотимец на Јунајтед за 12 месеци

Младиот Макс Тејлор е фудбалер за кој ретко кој слушнал, член на младинските категории на Манчестер Јунајтед кој беше повикан од Оле Гунар Солскјер за претстојниот меч од Лигата на Европа против Астана. Она по што 19-годишниот Тејлор е единствен е фактот дека во текот на ланската сезона му беше дијагностициран рак на тестисите, а 12 месеци откако мина неколку циклуси на хемотерапија не само што доби зелено светло за камбек, туку и беше повикан за настап за првиот тим на Јунајтед.

„Горд сум што повторно излегов на терен во дресот на Манчестер Јунајтед. Самиот факт дека сега добивам шанса и со првиот тим ме прави бескрајно среќен. Без огромната поддршка од семејството, пријателите и докторите, моето враќање на теренот немаше да биде возможно“ – изјави Тејлор.

Јунајтед веќе го осигура пласманот во следната рунда, па Оле Гунар Солскјер ќе направи коренити измени во тимот за гостувањето во Казахстан. Во една таква ситуација, нема да биде изненадување доколку Тејлор се појави од првата минута во тимот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...