Од лудо – полудо: Кошаркар брутално нокаутиран затоа што славеше забивање… (ВИДЕО)

Неверојатна глетка во австриското кошаркарско првенство на дуелот меѓу Велс и Капфенберг. Настрада кошаркар со потекло од БиХ, Ервин Зулиќ.

Во последната четвртина од мечот Зулиќ заби, подолго остана да „виси“ на обрачот, па тоа му засмета на противничкиот играч, Американецот Дејвид Самуелс. Прилично вознемирен Самуелс со бокс го удри по глава Зулиќ буквално нокаутирајќи го. Сосема очекувано, американскиот кошаркар доби исклучување, го чека и потешка казна, но по натпреварот не сакаше да му се извини на Зулиќ затоа што, како што изјавил, не направил ништо лошо!?

 

Се вчитува...