Од Мадрид во Истанбул: Иско повеќе нема амбиции, Шпанецот пред трансфер во Фенербахче

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско Аларкон е на прагот да замине во Турција, односно Фенербахче. Шпанецот поминува низ голема криза повеќе од две години, не играше ниту во периодот на Зинедин Зидан, а исто се случува и кај Анчелоти.

Иско е во очајна физичка форма, иако има 29 години и се уште е далеку од пензија, делува прилично запоставено и незаинтересирано. Реал нема понуда за него, а еднствено заинтересиран е Фенер, кој би го здружил Шпанецот со Озил. Преговорите се уште траат, но и Реал е подготвен да го раскине договорот, да го пушти без никакво обештетување.

Ваквиот расплет на настаните доволно кажува колку Иско исчезна од фудбалската мапа и колку е далеку од сериозниот фудбал во моментов. Покрај него, Реал по секоја цена сака да ги продаде Марсело и Герет Бејл.

Се вчитува...