Од Манчестер Сити се сели во Њукасл за 50 милиони фунти

Манчестер Сити продолжува со распродажбата на фудбалери доведени од Пеп Гвардиола на кои Енцо Мареска не смета сериозно, па така на излезна врата од „Етихад“ се најде и Нико Гонзалес.

Њукасл ќе биде новиот клуб на Аргентинецот откако „црно-белите“ се согласија да платат 50 милиони фунти за да го донесат поранешниот ас на Порто во своите редови. Њукасл летово ги продаде двајцата клучни играчи за врска, Тонали и Гимараеш, па Гонзалез е доведен со надеж дека ќе биде командант на овој дел од тимот во сезоната што претстои.

Овој фудбалер ја мина младинската школа на Барса, по што се пресели во Порто и важеше за еден од клучните играчи на португалскиот гигант. Тоа беше препорака за Пеп Гвардиола да го доведе пред една и пол година, по тешката повреда на Родри, но Гонзалес не се снајде најдобро во Сити, огромен дел од времеот мина греејќи ја клупата за резерви, што придонесе и самиот фудбалер летово да побара да ги смени клупските бои.

Се вчитува...