Од мирно до тензично, на крај Пелистер со славје од Струга (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Крајно мирниот натпревар меѓу Струга ТЛ и Пелистер во 21. коло од ПМФЛ, заврши тензично со многу нервоза и вербални напади кон главниот судија откако Пелистер дојде до победа во 90. минита со сомнителниот погодок на Иван Пејаковиќ.

Пејаковиќ успеа несигурната реакција на домашниот голман да ја искористи со оттурнување на топката од рацете на Ѓуриќ во мрежата на Струга ТЛ. Сето тоа наиде на жесток револт кај домашните кои сметаа дека имаше прекршок над нивниот голман. А, токму револтот кон главниот судија Игор Иванов од Велес, на крајот беше заокружен и со серија вербални напади од ложата и од трибините на стадионот во Струга.

 

Се вчитува...