Од НБА-ѕвезда до дрогиран бескуќник, па сега повторно се враќа на кошарката (ВИДЕО)

Пред десет години Делонте Вест беше една од најпрепознатливите НБА-ѕвезди. Но, потоа следеа година во кои си го уништуваше својот живот со дрога и алкохол, од милионер кој играше заедно со Леброн Џејмс дојде до бескуќник со сериозни психички проблеми.

Вест изминативе години ги полнеше медиумите со автодеструктивно однесување, а пред две години го допре и дното. Се појави видеоснимка како седи осамен среде улица, делувајќи растроено, со халуцинации осамен и запуштен. Пред неколку месеци беше обвинет за хомофобни напади на сметка на полицијата.

„Јас бев подобар од Леброн Џејмс и од Мајкл Џордан, најдобар сум црн кошаркар во историјата“ – говореше пред камерите, за да сега конечно доби рака на спасот.

Сопственикот на Далас, Марк Кубан го тргна од улицата, сместувајќи го во хотел и обврзувајќи се дека ќе го помогне неговото лекување.  Нов чекор во вистинска насока е напреван овој викенд кога се најде на проба за избор на играч за драфт Биг3 лигата. Сега се очекува повторно да се врати на кошарката, и го нормализира својот живот.

Деонте Вест имаше три одлични сезони во Кливленд, но во 2008 година му беше дијагностицирано биполарно пореметување. Успеваше да се бори со таа болест се до 2012 година кога целосно се предаде на дрогата и алкохолот. Во својата кариера играше и за Бостон, Сиетл и Далас.

Се вчитува...