Од очај до супериорност: Тен Хаг номиниран за менаџер на месецот

Премиер лигата ги објави имињата на номинираните за најдобар тренер и играч во септември. Клубовите овој месец одиграа само два премиерлигашки натпревари, бидејќи цело едно коло беше одложено поради смртта на кралицата Елизабета, а од викендов на програмата се натпреварите од Лигата на нации.

Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед, по катастрофалниот старт на сезоната, постигна максимален учинок во септември и ја прекина одличната серија на Арсенал, Ерик Тен Хаг стигна до својата прва номинација за менаџер на месецот. Покрај него се Гери О’Нил од Борнмаут и Антонио Конте од Тотенхем.

Во конкуренција за играч на месецот се: Филип Билинг, Кевин Де Брујн, Пјер-Емил Хојбјерг, Алекс Ивоби, Џејкоб Ремзи и Маркус Рашфорд.

 

 

 

Се вчитува...