Од пекар до најскапиот трансфер во историјата на Вулверхемптон

Матеус Нунеш од вчера и официјално е најскапиот трансфер во историјата на Вулверхемптон. Премиерлигашот за услугите на португалскиот репрезентативец издвои 45 милиони евра, а може да додаде уште пет доколку се реализираат предвидените бонуси во договорот.

Нунеш денеска оствари неверојатен трансфер кој пред само три години додека работел во пекарата на неговите родители не можел ни да го замисли.

„Одев наутро во пекарата да им помогнам на родителите, а попладне имав натпревари. Стоев пет или шест часа, а потоа морав да тренирам. Не беше лесно, не знаев што да очекувам, но никогаш не се откажав”, изјави Нунеш.

Приказната на Нунеш е извонредна. Роден во Рио де Жанеиро, играчот од средниот ред се сели во Португалија со неговата мајка и очув на 13-годишна возраст. Кариерата ја започнува во нисколигаш Ерисеиренсе, потоа преминува во Есторил, а од 2019 година настапуваше во дресот на Спортинг кој за неговиот трансфер плати 950.000 евра.

Се вчитува...