Од проблем во проблем: Србија остана и без Јовиќ

Србија славеше над Филипини со 83-76 и го осигура своето место во следната фаза од квалификациите за Летните олимписки игри, но нашиот северен сосед остана без услугите на Стефан Јовиќ кој заработи тешка повреда поради која ќе мора да паузира најмалку седум недели, пренесуваат српските медиуми.

Плејмејкерот на помалку од пет минути до крајот на натпреварот се фати за листот на десната нога и мораше до помош да го напушти теренот. Слекеторот не говореше за можната повреда по натпреварот, но по поминатите прегледи се утврди дека повредата на 30-годишникот воопшто не е наивна.

Ова е дополнителен проблем за селекторот Игор Кокошков кој и во пресрет на квалификациите доби неколку откажувања од националниот дрес. Тоа се одрази и на играта на „Орлите“ кои до победите против Доминиканска Република и Филипини стигна во последните десет минути.

Се вчитува...