Од првиот трансфер на пребогатиот Њукасл најмногу може да добие Хрват?

Киран Трипие само формалности го делат да постане првото засилување за мега проектот на Њукасл, а од трансферот на Англичанецот во клубот со најбогат газда на светот најмногу може да добие хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко.

Имено, Трипие по доаѓањето во Мадрид стана еден од главните играчи на четата на Диего Симеоне, но со заминувањето на искусниот играч се отвара простор за нов блесок на бековската позиција. Медиумите во Шпанија велат дека „јорганџиите“ оваа зима нема да ангажираат нов фудбалер, а шанса ќе добие 29-годишниот Врсаљко.

Хрватскиот репрезентативец останува единствениот класичен десен бек во Атлетико, но Симеоне оваа сезона на истата позиција го користеше и Маркос Љоренте па јасно е дека и покрај помалата конкурентност Врсаљко ќе мора да се избори за стандардно место помеѓу првите единаесетмина.

Се вчитува...