Од срцев удар почина генералниот секретар на ФИБА, Патрик Бауман

Шокантна вест денеска ја дочека светската кошаркарска јавност од Буенос Аирес. За време на одржувањето на Олимписките игри за млади во Аргентина, неочекувано од срцев удар на 51 година почина генералниот секретар на ФИБА, Патрик Бауман.

Бауман во ФИБА е од 1994 година, оставајќи силна трага изминативе 24 години како дел од раководството на светската кошаркарска федерација. Генерален секретар на ФИБА е од 2002 година, а од 2007 година беше член на Меѓународниот олимписки комитет и на бројни организациски комитети на светските првенства и на олимписките игри.

Баумен исто така беше истакнат член на Светската антидопинг агенција и еден од првите што даде поддршка за развојот на 3×3 баскет.

Се вчитува...