Од утре во продажба билетите за Македонија ЃП – ЦСКА по цена од 300 денари

И покрај стравот и барањата од ЦСКА Софија натпреварот со Македонија ЃП да се игра на неутрален терен во неутрална држава, „лавовите“ од утре ќе почнат да ги продаваат билетите за натпреварот на својот стадион во Ѓорче Петров. Цената на истите ќе чини 300 денари.

Бугарскиот тим се исплаши поради протестите во Скопје и за случувањата во Македонија, па смета дека нема услови за одигрување на мечот. Дополнително, гостите се жалат на бројката на билети кои ќе ги добијат – само 60.

„Картите за натпреварот против ЦСКА Софија ќе можете да ги купите на стадионот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ по цена од 300 денари почнувајќи од утре ( среда ) 13.07.2022 до ден пред натпреварот 20.07.2022 во периодот од 09-11 часот и од 17-20 часот. Секој може да купи највеќе две карти за што е потребена лична карта“, се вели во соопштението од Македонија ЃП. 

Се вчитува...