Одбиена жалбата: Роналдињо останува во куќен притвор

Четвртиот дел од судскиот процес против Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис, за патување со лажни документи, донесе нова судска одлука, што овојпат не беше во прилог на фудбалската мегаѕвезда.

Адвокатите на Роналдињо бараа на Бразилецот да му биде овозможено да се брани од слобода, но судот оцени дека ризикот за бегство е преголем поради фактот дека станува збор за странски државјанин, кој потоа би можел да остане надвор од Парагвај и никогаш да не се врати за одлежување на казната доколку биде прогласен за виновен. Според тоа, став на судијата е дека Роналдињо и неговиот брат мораат да останат во куќен притвор до крајот на судскиот процес.

Тие се сместени во претседателскиот апартман од ексклузивниот хотел „Палмарога“ во Асунсион, што секако е подобра опција откако првите 32 дена по апсењето ги мина во притвор во близина на главниот парагвајски град.

Се вчитува...