Хеунг Мин Сон ќе ги пропушти следните три натпревари на Тотенхем откако денеска беше одбиена жалбата на лондонскиот клуб по црвениот картон што корејскиот напаѓач го заработи на деулот со Челси.
Сон беше исклучен по прегледување на видео-снимката со ВАР за удирање на Рудигер, а за разлика од црвениот картон што истиот фудбалер го заработи против Евертон, овојпат ФА застана на страна на судиите и само му ја потврди предвидената санкција од три меча неиграње.
Ова значи дека Жозе Мурињо нема да може да смета на корејскиот интернационалец за дуелите со Брајтон, Норвич и Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА