Одбојкарите стигнаа во Данска, време е за европско злато

Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Данска, каде утре и задутре повторно ќе атакува на златниот медал во Европската лига. „Спартанците“ делуваа импресивно во групната фаза бележејќи шест победи на турнирите во Скопје и во Тирана, но на сите во националниот тим им е јасно дека најголемиот предизвик ќе следи во наредните два дена во Копенхагхен.

Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде домаќинот Данска, репрезентација што нашите одбојкари добро ја познаваат од претходните неколку години кога редовно се среќаваа со овој ривал.

Веќе кажав дека наша цел мора да биде освојување на златото, бидејќи поседуваме и квалитет и искуство за такво нешто. Данска е ривал што го почитуваме, воопшто не е наивен, но тие го немаат променето играчкиот кадар од ланската сезона. Од досегашните шест средби имаме пет победи и еден пораз, тоа ни дава верба дека и овојпат ќе успееме да славиме“ – изјави Никола Ѓорѓиев во пресрет на овој фајналфор турнир.

Се вчитува...