Женската одбојкарска репрезентација на Македонија во трилер меч во пет сета загуби од селекцијата на Израел во натпревар кој се играше во салата „Парк“ во Струмица.
Вечерва Израелките славеа со 3-2, по сетови 25-14, 18-25, 22-25, 25-14 и 15-10. Нашите избранички може да жалат поради пропуштената можност бидејќи имаа предност од 2-1 во сетови.
Утре Македонија ќе се сретне со репрезентацијата на Грузија во меч кој е со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА