Одегард од јуни конечно добива шанса во Реал Мадрид

Беше норвешко чудо од дете, пристигна во Реал Мадрид, но не беше подготвен веднаш да се носи со предизвикот. Мартин Одегард во 2015 дојде на „Сантијаго Бернабеу“, играше малку за Реал Мадрид Кастилја, а потоа замина на позајмица во Херенвен. Следната сезона ја мина во Витесе, а оваа се врати во Шпанија и го носи дресот на Реал Сосиедад. Блесна во полн сјај и најавите од „Бернабеу“ велат дека ќе се врати на голема врата и ќе добие вистинска шанса во Реал Мадрид веќе од јуни.

„Кога замина знаевме дека еден ден ќе се врати. Требаше само да го стекне неопходното искуство“, изјави тренерот Зинедин Зидан за еден од најталентираните фудбалери за врска.

Мартин Одегард официјално е на позајмица во Реал Сосиедад една сезона, но има договор меѓу клубовите дека би можел да остане уште една дополнителна година доколку се сложат сите три страни. Сепак, Реал Мадрид е подготвен да го врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...