ОДИМЕ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – Промовирана македонската химна за ЕВРО 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА + ВИДЕО)

Во склоп на промоцијата на новиот договор меѓу Фудбалската федерација на Македонија и Пивара Скопје како поддршка за настапот на фудбалската репрезентација на ЕП, беа промовирани и химната и спотот за ЕВРО 2020.

Химната е на бендот „Вис Рисови“, формиран за подготовка на навивачката химна од долгогодишни искрени фанови на репрезентацијата, меѓу кои Саше Љолес, Петар Младеновски, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев.

Спотот е сниман на неколку локации во главниот град и на терените на комплексот „Куќа на фудбалот“.

 

Се вчитува...