Одлична увертира пред Мундобаскетот: Дончиќ против Јанис

Кошаркарската федерација на Грција потврди дека во склопот на подготовките за Мундијалот во кошарка, ќе одигра меч со Словенија на 4. август. Уште од сега интересот за овој меч е огромен, со оглед дека ќе се судрат едни од најдобрите кошаркари во моментов Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо.

Тоа воедно ќе биде нивна прва пресметка на репрезентативно ниво, а дуелот ќе се игра во Атина, во салата ОАКА.

Мундобаскетот се игра од 25 август до 10 септември во Индонезија, Филипини и Јапонија.

Се вчитува...