Одлична вест за Хрватска – Циндриќ се враќа во тимот на „коцкестите“!

Лука Циндриќ би можел да се врати во тимот на Хрватска на Светското првенство во Египет, пренесуваат „Спортске новости“. Средниот бек го напушти шампионатот по првиот натпревар поради повреда.

Каква е состојбата со повредата ќе се дознае на денешните дополнителни прегледи во Барселона, но самиот ракометар смета дека не е во прашање ништо сериозно, па се поставува прашање дали има можност да се врати во Египет.

„Постои можност доколку се биде во ред со повредата. Се надевам дека ќе биде така бидејќи силно сакам да им помогнам на соиграчите. Ако бидам здрав веднаш се ставам на располагање“, изјави Циндриќ.

Се вчитува...