Одлична вест за Јуве пред мечот со Џенова

Андреа Пирло доби одлична вест пред неделното гостување во Џенова откако Алваро Мората доби зелено светло за настап на оваа средба.

Шпанскиот голгетер заработи црвен картон по завршување на дуелот со Беневенто, по што му беше изречена суспензија од два натпревари. Мората не настапи на градското дерби со Торино, но жалбата на „старата дама“ денеска беше прифатена, казната намалена од два на еден меч неиграње, со што Шпанецот доби зелено светло за настап в недела на „Мараси“.

Јувентус моментно е на делба на третото место на табелата, рамо до рамо со Наполи, со шест бода заостанување зад лидерот Милан. Мората досега има три погодоци во „Серија А“, сите на гостински терен, на дуелите со Беневенто, Специја и со Кротоне.

Се вчитува...