Одлична вест за „росонерите“ – Милан се засили со Манџукиќ

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ и Милан постигнале договор за соработка, а официјалната потврда се очекува во следните денови, пренесува „Калчомеркато“. Договорот меѓу Хрватот и „црвено-црните“ ќе биде на 18 месеци, а останува да се видиме дали ќе биде потпишан во целост или до крајот на сезоната со опција на продолжување на уште една година.

За искусниот Манџукиќ ова ќе биде прв ангажман сезонава, откако предвреме го прекина договорот со катарскиот состав Ал-Духаил. Со него Милан ќе добие ширина во нападот и поддршка за 39-годишниот Ибрахимовиќ во нападот на Скудетото.

Овој трансфер значи и враќање на светскиот вицешампион во италијанското првенство по година и половина од заминувањето од Јувентус, тим со кој напаѓачот стигна до четири последователни титули во Серија А, а играше и финале во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...