Одлични вести за Барса: Алвеш и Алба со негативен корона тест, се враќаат на тренинг со тимот

Фудбалерите на Барселона, Дани Алвеш и Жорди Алба се негативни на тестот за коронавирус и може да се вратат на тренинзите со тимот, објави прес-службата на каталонскиот клуб на Твитер. Информацијата дека двајцата играчи се позитивни беше објавена на 28 декември, па од тој момент Алба и Алвеш се во самоизолација.

Синоќа Барселона со комбиниран состав ја победи Мајорка на гости со минимален резултат од 1-0.

Барселона сеога има 31 бод од 19 натпревари и се наоѓа на 5-тото место на табелата со 15 бода неатива во однос на лидерот Реал Мадрид кој има 46 бодови.

Се вчитува...